
Вембањама и Јанис без милост ги полнеа кошевите, Далас се – посрамоти (ВИДЕО)
Тој во само 29 минути на паркетот реализираше 15 од 21 обид од поле, при што приреди вистинска кошаркарска магија со неколку моќни забивања, три блокади и импресивна ефикасност која го остави публиката без здив. Со овој перформанс, тој потсети зошто се смета за еден од најголемите таленти во модерната кошарка, откако минатата сезона ја заврши предвреме поради повреда. Далас, пак, не успеа да му се спротивстави на разиграниот противник, а дебито на Купер Флег, вториот најмлад стартер во историјата на лигата, заврши со 10 поени и 10 скока. Најдобар кај „маверикс“ беше Ентони Дејвис со 22 поени и 13 скока, додека Стефон Касл кај Сан Антонио внесе дополнителна енергија со 22 поени, седум скока и шест асистенции. Интересен податок е што „телињата“ беа единствените од 24-те тима од ноќешната програма во НБА што не ја надминаа границата од 100 поени
Филаделфија како гостин го совлада Бостон (117-116), а новајлијата во поразениот тим, Ви-Џеј Еџкомб блесна со 34 поени во своето деби. Со тоа, младиот кошаркар од Бахамите стана првиот кошаркар по Вилт Чемберлен во 1959 година кој постигнал толку поени во прв натпревар во НБА. Во истата средба, Џоел Ембид се врати на паркет по осум месеци пауза и придонесе со четири поени.
Во дуелот меѓу Њујорк Никс и Кливленд Кавалирс, домашните славеа со 119-111. Ануноби беше лидер со 24 поени и 14 скока, додека Џејлен Бренсон додаде 23. Милвоки Баксм пак, оствари сигурна победа над Вашингтон (133-120), со 40 поени на сметката на Јанис Адетокумбо.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бруклин 136–117, Њујорк – Кливленд 119–111, Орландо – Мајами 125–121, Атланта – Торонто 118–138, Бостон – Филаделфија 116–117, Чикаго – Детроит 115–111, Мемфис – Њу Орлеанс 128–122, Милвоки – Вашингтон 133–120, Јута – ЛА Клиперс 129–108, Далас – Сан Антонио 92–125, Феникс – Сакраменто 120–116, Портланд – Минесота 114–118.
ФОТО: X / @spurs