Ливерпул го распарчи Ајнтрахт, Челси пукна „петарда“ против Ајакс (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни уште седум натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), при што Ливерпул успеа да слави на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 5-1, а со истиот резултат (5-1) славеше и Челси на домашен терен против Ајакс.

Кристенсен го отвори резултатот со гол за водство на Ајнтрахт во 26. минута, но тоа ги налути „црвените“ од „Енфилд“ кои до крајот на првото полувреме стрелаа преку Екитике, Ван Дајк и Конате (3-1).

Франкфурт не пронајде начин како повторно да го загрози голот на гостите, па во второто полувреме погодија и Гакпо и Мекалистер за конечни 5-1.

Челси го прегази холандскиот тим Ајакс, а клучен момент беше црвениот картон во 15. минута на Тејлор од гостинскиот состав. Веднаш потоа Гиу погоди за предност од 1-0 на „сините“, а во продолжение до крајот на првото полувреме стрелаа и Каиседо, Енцо и Естевао, додека за екипата од Амстердам погоди Вегхорст од пенал.

Лондонскиот гигант постигна и петти погодок во 48. минута кога Џорџ без многу проблеми го матира голманот на Ајакс, а во продолжение од дуелот екипата на Енцо Мареска имаше уште неколку добри шанси, меѓутоа не ги искористи (5-1).

Останати резултати:

Аталанта – Славија Прага 0-0
Баерн Минхен – Клуб Бриж (4-0)
Монако – Тотнем 0-0
Реал Мадрид – Јувентус 1-0
Спортинг Лисабон – Олимпик Марсеј 2-1

Standings provided by Sofascore

Фото: Chelsea Football Club