Премиерлигашите немаат конкуренција во ЛШ - постигнаа 19 гола во едно коло!

Англиските екипи кои се натпреваруваат во Лигата на шампиони (ЛШ) во третото коло успеаја да постигнат вкупно 19 голови, нешто што не им успеало на тимови од други земји.

Челси и Ливерпул постигнаа по пет голови, Арсенал даде четири, Њукасл запиша три, а Манчестер сити два погодоци, додека единствениот премиерлигаш кој не ја затресе мрежата беше Тотнем.