Алборг го освои Нант за петта победа во ракометната ЛШ

Ракометарите на Нант и Алборг одиграа фантастичен натпревар во шестото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а на крајот се радуваше данскиот гигант со 28-27.

Алборг ја контролираше играта сè до средината на првото полувреме и имаше водство од четири голови во еден момент (8-4), но францускиот тим почна да се буди и ги корегира грешките во нападот за на паузата да замине со водство од еден гол (15-14).

Нант водеше и на стартот на вториот дел (19-17), по што Алборг го засили темпото и следеше возбудлив ракомет во продолжение на полувремето за на крајот да слави данскиот состав со 28-27.

Арнолдсен и Бустер Јул-Ласен постигнаа по шест голови за Алборг, додека Одриозола запиша шест погодоци за Нант.

Алборг има 10 бодови во групата А, колку и Фуксе Берлин, додека Нант е на делба на четвртата позиција со Веспрем и имаат по шест поени.

Фото: Aalborg Håndbold