
Бизарно: „Новата“ сала во Куманово била лизгава, па кошарка ќе има - друг ден!
Дуелот не се одигра поради состојбата на теренот во Спортската сала во Куманово. Тој бил лизгав, наводно од ракометарите на Куманово, па не постоеле услови за игра. Официјалните лица го констатирале тоа и одлучиле натпреварот да се одложи.
Натпреварот најверојатно ќе се одигра утре од 20 часот на истото место, а останува суспензијата на кумановци кои повторно ќе немаат поддршка од своите навивачи поради казна од минатата сезона.