
МЗТ имаше и плус 13, ама пак загуби на гостувањето во Никшиќ (ФОТО)
Екипата од Аеродром имаше предност во поголемиот дел од првата четвртина, која му припадна со 21-18. Сутјеска во вторите 10 минути влезе во криза во нападот, а тоа го искористи МЗТ Скопје за на полувреме да замине со +10 (37-27).
МЗТ поведе и со +13 (44-31) и го чуваше водството сè до финишот на третата четвртина, кога Сутјеска влезе во одлична серија и намали на само два поени негатива (56-58). Македонскиот тим се соочи со проблеми во продолжение од мечот, а тоа го искористи Сутјеска за да слави на крајот со 83-77.
Најефикасен кај Сутјеска беше Кристофер Мартин со 19 поени, три скокови и две асистенции, додека Мек Смит постигна 20 поени, шест скокови и една асистенција за МЗТ.
Фото: ABA2-League