
Јанта Волеј дебитира во ЛШ со триумф во пет сета против Гацко
Гацко тргна добро во натпреварот и водеше со 5-1, но одбојкарките на Јанта Волеј се разиграа во продолжение и го освоија сетот со 25-21.
Босанскиот тим беше одличен во вториот сет и постојано имаше предност против Јанта Волеј за да слави со 25-21, но во следниот сет одбојкарките на македонскиот тим возвратија на идентичен начин и стигнаа до 25-22.
Јанта Волеј во четвртиот сет водеше со 8-5 против Гацко, меѓутоа босанската екипа влезе во одличен ритам и стигна до 18-12. Македонскиот претставник, сепак, не се предаде лесно и 6-0 стигна до 18-18. По голема борба Гацко на крајот се израдува со 25-20.
Голема и исцрпувачка борба понудија одбојкарките на двете екипи во петтиот решавачки сет, а на крајот успеаја да се израдуваат македонските шампионки со 18-16.
Реваншот меѓу Гацко и Јанта Волеј е закажан за 29 октомври од 18 часот.
Фото: Јанта Волеј