Кејн е во страшна форма - урна рекорд на Меси и Роналдо!

Баерн Минхен славеше со 4-0 против Клуб Бриж, а еден од погодоците беше дело на англискиот напаѓач Хари Кејн кој се запиша во историјата.

Кејн постигна 20 голови во 12 натпревари за баварскиот гигант во сите натпреварувања во сезоната 2025/26 и на таков начин стигна до таа бројка на погодоци побрзо од Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси успеал најбрзо да стигне до 20 голови во сезона по 17 одиграни меча, додека такво нешто му успеало на Роналдо по 13 одиграни натпревари во сезоната 2014/15.

Фото: Bayern Munich