
Проблеми за Ливерпул, се повредија двајца фудбалери во победата над Ајнтрахт!
Се работи за Фримпонг и Исак. Првиот мораше да го напушти теренот по 19 минути игра, а вториот остана во соблекувалната на полувремето.
„Очекувам Фримпонг да биде во аут неколку недели по новата повреда. Исак мораше да биде заменет на полувремето поради непријатност која ја чувствуваше во препоните. Да се надеваме дека не е толку лошо. Тешко е да се најде баланс со фудбалер кој беше отсутен три месеци“, изјави тренерот Арне Слот по натпреварот.
Следниот меч на Ливерпул е веќе во сабота кога му гостуваат на Брентфорд во Премиер лигата. Црвените имаат три порази по ред во најдобрата англиска лига.