Винисиус ги збесна во Гетафе, а Мбапе донесе три бода (ВИДЕО)

Реал Мадрид запиша минимална, но важна победа на гостувањето кај Гетафе со 1-0.

Се што беше интересно во натпреварот вечерва се случуваше во второто полувреме. Возбудувањата започнаа кога Нијом само минута откако влезе во игра во 77. минута заработи директен црвен картон по старт над Винисиус, а само три минути подоцна Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот.

Винисиус не се запиша во листата на стрелци, но успеа да изнуди и второ исклучувања кога за старт над него Алекс Санорис го заработи вториот жолт картон во 84. минута.

Со овие три бода Реал Мадрид се враќа на врвот на табелата каде што беше пред ова коло со два бода предност, а веќе наредниот викенд следи „Ел Класико“.