
Хорор повреда на кошаркар на Ефес – со солзи на носилка го изнесоа од теренот (ВИДЕО)
Медицинскиот тим на Ефес брзо реагираше, а Папајанис беше изнесен од теренот на носилки. На првите фотографии се гледа дека играчот се превива од болки и го напушта теренот плачејќи. Повредата се случи пет минути пред крајот на втората четвртина. До тогаш, Папајанис имаше четири поени и три скока.
Станува збор за 28-годишен кошаркар, кој летово се пресели во Ефес од Монако, каде што настапуваше минатата сезона, а претходно играше за Фенербахче и Панатинаикос. Во првите четири натпревари од оваа сезона во Евролигата, тој просечно постигнува 1,8 поени, 3,5 скока и 1,3 асистенции за 16,5 минути игра.