Српски клуб предизвика бура во регионот со мапата на новиот дрес (ФОТО)

Koшаркарскиот клуб Колубара од Лазаревац се најде во центарот на вниманието во регионот откако ги претстави дресовите за новата сезона.

Имено, дресот привлече посебно внимание затоа што на него се наоѓа картата на Србија, додавајќи го и Косово во српските бои.

Овој потег беше дочекан со одобрување во најголем дел од Србија, но и предизвика остри реакции и критики од Косово.

„Изгубено не е никогаш она што е свето. Расти во надеж, црвен цвету“, гласи пораката под објавата.