Кадетите убедливо поразени на стартот од „Трофеј Карпати“

Maкедонската кадетска репрезентација со убедлив пораз од Полска со 39-28 го стартуваше „Трофеј Карпати“.

На турнирот покрај домаќинот Романија учествува и Србија, а претставува подготовки за квалификациите за Европското првенство во 2026 во кои Македоија ќе се соочи со Грција и Финска.

Македонија парирараше само во првата половина од првото полувреме кога на семафорот беше 8-8, во продолжение противникот го наметна своето темпо и на одмор замина со 22-17. Не се променија работите и во вториот дел, Полска продолжи да биде подобриот тм на теренот, па така дојде и до победата.

Утре од 15:00 часот Македонја го игра вториот натпревар на турнирот и тоа против домаќинот Романија.