Мајсторијата на Манасков - гол на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков доби големо признание откако еден од неговите голови на дуелот против Барселона е прогласен за најатрактивен во петтото коло од Лигата на шампионите.

Во второто полувреме од мечот, голманот на Пелистер, Никола Митревски испрати долга топка кон крилниот играч, а овој во лет ја прифати и веднаш го совлада Емил Нилсен.

Веднаш се знаеше дека голот ќе биде меѓу најубавите во колото, а денеска дојде и наградата за искусниот репрезентативец.