Барселона доби дозвола да се врати на Камп Ноу, ама останува на Монжуик

Шпанскиот шампион Барселона денеска официјално доби дозвола од градскиот совет да се врати на Камп Ноу.

Сепак, тоа нема да се случи и најмалку уште еден месец каталонскиот клуб ќе ги игра своите натпревари како домаќин на Олимпискиот стадион Монжуик. Причина за тоа е што дозволата за играње на Камп Ноу е 1А, а таа поздрабира одржување натпревари со најмногу 27 илјади посетители.

Во клубот сметаат дека немаат никаков ќар да се вратат со толку мала бројка и затоа ќе чекаат да добијат дозвола 1Б со која на својот стадион да примат 45 илјади гледачи. Ова значи дека следните три натпревари Барса ќе ги игра на Монжуик и таму ќе ги пречека Жирона, Олимпијакос и Елче.

Со оглед на тоа што потоа претстои репрезентативна пауза, следниот натпревар како домаќин Барселона го игра дури на 23 ноември, против Атлетик Билбао.