Вест хем го избрка, а Потер сега може да се бори за место на Мундијал!

Не помина многу откако Грем Потер доби отказ во Вест хем, а сега би можел да добие можност да стане селектор.

Според информациите на „Би-Би-Си“, Потер влегол во заврршна фаза од преговори со репрезентацијата на Шведска. Шведска неодамна го отпушт, Џон Дал Томасон поради лошите резултати во квалификациите за Светското првенство, а Потер во овој момент е фаворит да го наследи.

За Потер шведскиот фудбал не е непознат бидејќи од 2011 до 2018 година го водеше Остерсунд со кој од четврта лига стигна до првиот ранг, но и го освои Купот на Шведска во 2017 година.

Шведска одигра лоши квалификации, меѓутоа претходно беше победник во својата група од Лигата на Нации, па така преку баражот ќе има уште една можност да дојде до Мундијалот наредната година.

Фото: West Ham United/X