
Вардар и Работнички нема да играат на скопска Арена – „виновник“ е Шкендија!
Со редовни активности ќе продолжи веќе во вторник и среда (21 и 22 октомври), кога се предвидени пет осминафинални дуели од Купот на Македонија. Вардар и Работнички ќе бидат домаќини во овие пресметки, но двата тима нема да настапат на националната Арена „Тодор Проески“. Причина за тоа е состојбата на теренот, кој мора да се заштити и подготви за европскиот натпревар на Шкендија. Тимот од Тетово в четврток ќе го пречека ирскиот Шелбурн во рамките на второто коло од Конференциската лига на УЕФА.
Поради тоа, во наредните денови на арената ќе се спроведуваат активности за одржување и заштита на тревникот, особено во услови на дожд, за да се избегне негово дополнително оштетување. Поради тоа, скопскиот двоец мора да бара алтернативни локации. Работнички во вторник ќе ја пречека Брегалница на стадионот во Автокоманда, додека Вардар ден подоцна ќе биде домаќин на Новаци на теренот на Фудбалската федерација на Македонија.