
„Опта“ објави кој е фаворит за освојување на титулата во Ла Лига
„Опта“ смета дека главен фаворит за освојување на титулата во Шпанија е Реал Мадрид, односно има 53,6 отсто шанси за такво нешто, додека Барселона е на втората позиција со 38,66 проценти шанси да стигне до пехарот.
По осум одиграни кола во Ла Лига, Реал е лидер со 21 бод, додека Барселона е втора со 19 поени.
Фото: EPA