Бизарна ситуација во НБА: Кошаркар на Шарлот се „смалил“ за речиси десет сантиметри

НБА лигата ги ажурираше податоците за висина пред новата сезона, а тука внимание привлече Колин Секстон.

Имено, кошаркарот на Шарлот според бројките на НБА во сезонаата влегува со 183 сантиметри што е за 7.5 сантиметри помалку отколку што стоеше во неговата биографија во 2018 година.

Досега тој беше запишан со висина од 190.5 сантимери, но се претпоставува дека разликата е последица на промената на методологијата на мерењатаво најсилната кошаркарска лига.

Во последнитее години НБА спроведува построги мерки при мерењата и кошаркарите се мерат без облека.

Секстон во изминатата сезона настапуваше за Јута каде што регуларниот дел на 63 натпревари имаше просек од 18.4 поени по натпревар.

Кариерата во НБА ја започна во 2018 година како осми пик на Кливленд каде што се задржа четири сезони.