Италијанецот кој го расплака Израел се враќа во Европа и тоа во Премиер лигата!?

Авантурата на Матео Ретеги во Саудиска Арабија би можела да трае кратко, тој има понуди да се врати онаму каде што припаѓа, во европскиот фудбал.

Матео Ретеги му даде два гола на Израел со кои му ги одзема сите надежи за Светското првенство. Со игрите и погодоците тој го привлекува вниманието на себе.

Во дресот на Аталанта имаше импресивна сезона пред да замине за многу пари во саудискиот клуб Ал-Кадсиах, но би можел брзо да се врати во Европа.

Информациите велат дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за него. Рубен Аморим го сака во тимот, а се шпекулира дека англискиот клуб е подготвен да одвои 52 милиони фунти за да го донесе 26-годишниот напаѓач.

Ваквите гласини се малку чудни со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед изминатото лето го купи Бенјамин Шешко.