
За Ибра, Меси не е најдобар во историјата – двајца има пред него (ВИДЕО)
Тој мораше да се задоволи со третото место, но од друга страна, Кристијано Роналдо не се најде ни во топ-3. Пред Меси, според Ибрахимовиќ, се Диего Марадона и Роналдо Назарио.
„Според мене, Роналдо, феноменот, Бразилецот... тој беше фудбал. Кога гледате некои фудбалери, веднаш следниот ден се обидувате да ги имитирате“, изјави Ибрахимовиќ во едно телевизиско гостување.
Интересно е тоа што Швеѓанецот во топ-3 не го вклучи ни Пеле, но можеби тоа е и логично бидејќи немал можност да го гледа во живо.