
Реал се подготвува да го продаде Винисиус, има пикирано и замена за него
Освен тоа, Бразилецот побара драстично зголемување на платата што за Флорентино Перез е неприфатливо, а во момент кога за Винисиус има богата понуда од Саудиска Арабија, не е исклучено крилниот играч да биде жртвуван. Шпанските медиуми тврдат дека менаџментот на Реал се подготвува да го продаде Винисиус за 200 милиони евра, а веќе има ја пикирал и замената за него.
Станува збор за фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз кој игра одлично оваа сезона, како за својот клуб, така и за турската репрезентација. „Бјанконерите“ планираат да го продолжат договорот со Јилдиз до 2030 година, но ако не побрзаат, нема да биде изненадување ако 20-годишниот фудбалер му се приклучи на Арда Ѓулер на „Бернабе“.