
Фриц го елиминира Зверев и обезбеди полуфинале на турнирот „Шест кралеви“
Фриц го реши првиот сет со брејк во вториот гем (2-0), по кој Зверев не успеа да возврати, иако имаше три брејк-топки во седмиот гем, по што Американецот го освои сетот со 6-3.
Идентично беше и во вториот сет од натпреварот, кога Фриц направи брејк уште во третиот гем (2-1), по што сервираше без проблеми за славје од 6-4.
Фриц во полуфинале ќе се соочи против првиот тенисер на АТП-листата, Карлос Алкараз.
Фото: EPA