Брера Струмица доби забрана за трансфери од ФИФА

Македонскиот прволигаш Брера Струмица доби непријатни вести од Светската фудбалска федерација, која изрече суспензија за трансфери.

Суспензијата се однесува на следните три преодни рока, а информацијата денеска беше објавена на веб-сајтот на ФИФА.

Почетокот на суспензијата за екипата од Струмица е 23 септември, а ќе трае во следните три преодни рока, па така македонскиот клуб би можел да ангажира играчи дури во јули 2027 година.