Барса продолжи со еден од најбитните фудбалери, откупната клаузула е 500 милиони евра

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг не планира да си замине од Барселона, а тоа стана јасно откако денеска го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2029 година.

Последните две сезони тој е еден од најзначајните фудбалери во составот на Ханси Флик, а сето тоа откако лани Барселона се обидуваше буквално да го избрка од екипата. Со оглед на тоа што „каталонците“ не можат да се расфрлаат со пари за трансфери како порано, продолжувањето на договорот со Де Јонг е одлична инвестиција и најава дека средината на теренот е безбедна бидејќи и Педри е обврзан на долг рок со Барса.

Откупната клаузула во договорот на Де Јонг изнесува 500 милиони евра, сума која веројатно никој не може да ја плати.