Милан доби пенал, Пулишиќ промаши цел гол (ВИДЕО)

Екипата на Милан имаше шанса да дојде во водство во 53. минута од дербито против Јувентус на Торино, но резултатот сепак остана 0-0.

Лука Модриќ се обиде да го проигра Хименез во противничкиот шеснаесетник, но стартуваше Локатели и главниот судијата покажа на белата точка за гостинскиот тим.

Кристијан Пулишиќ, кој игра во одлична форма сезонава, тргна да го изведе пеналот, но тој не само што не успеа да ја затресе мрежата, туку шутираше околу еден метар над голот на Јувентус.