
ТФТ ја освои Гевгелија, Куманово го надигра Чаир
Првото полувреме во Гевгелија помина во израмнета игра (45-45), а жестоката борба меѓу тимовите продолжи во вториот дел.
ТФТ играше одлично во третата четвртина и поведе со 69-54, но Кожув не се предаваше и во последните 10 минути направи целосен пресврт (79-78).
Скопскиот тим, сепак, се разигра во финишот и успеа да ги искористи грешките на домаќинот за на крајот да слави со 87-79.
Најефикасен во победничката екипа беше Гордон со 22 поени и седум скокови, додека Первис запиша 21 поен за Кожув.
Куманово тргна одлично на гости кај Чаир и по првата четвртина поведе со 24-17, а водството на полувреме се зголеми до 46-35.
Чаир се разигра во третата четвртина и успеа да намали само на еден поен негатива (56-57), а Куманово не дозволи пресврт и со одлична игра стигна до триумф од 85-74.
Фото: КФМ