Ивановски со триумф над Фацек го почна турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски славеше против Јан Фацек од Чешка со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-3 на ИТФ М25-турнирот во Загреб.

Ивановски во првиот сет освои два брејка, во првиот и петтиот гем, со што поведе со убедливи 5-1, а потоа без проблеми го освои сетот со 6-2.

Фацек давеше отпор во вториот сет сè до 3-3, по што македонскиот тенисер влезе во серија и го доби натпреварот со 6-3.

Од останатите македонски репрезентативци, Олег Приходко утре ќе се соочи против Хлеб Секачов на турнирот.

Двајцата македонски тенисери на турнирот ќе играат и во конкуренција на двојки, односно Ивановски заедно со Амар Хусеиновиќ, а Приходко со Андреј Чепелев.