Ѓорческа во три сета ја мина и втората пречка во квалификациите за Вимблдон
Ѓорческа не го почна најдобро натпреварот и го загуби првиот сервис, по што Португалката поведе со 2-0, но набрзо македонската тенисерка се созема и влезе во одлична серија за предност од 4-3. Сепак, нејзината противничка успеа да направи брејк и да слави со 7-5.
Македонката беше многу подобра во вториот сет, каде што три пати ѝ го одзема сервисот на нејзината противничка и славеше со убедливи 6-2.
Хорхе играше лошо во третиот сет, а Ѓорческа ги користеше нејзините грешки и повторно доминираше на теренот за да стигне до победа од 6-1 за пласман во третото квалификациско коло.
Со оваа победа Ѓорческа се доближи до историски успех, односно пласман на главниот турнир на Вимблдон, а за тоа ќе ѝ треба победа над Италијанката Лучиа Бронѕети, која е на 127. место на ВТА-листата.