Босна во проблем: Без еден од најдобрите против Катар?

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина би можела да биде сериозно ослабена за вечерашниот клучен натпрвеар против Катар, пренесуваат босанските медиуми.

Имено, според информациите еден од најважните фудбалери во репрезентацијата на селекторот Сергеј Барбарез, Амар Дедиќ е под знак прашалник.

Во најавата пред натпреварот, Барбарез изјави дека сите фудбалери ќе ги има на располагање освен суспендираниот Мухаремовиќ, сепак новинарите на „Klix.ba“ кои се во САД тврдат дека ситуацијата не е баш таква.

Исто така тие забележале и дека на објавените фотографии од последниот тренинг на БиХ го нема Дедиќ.

Натпреварот се игра во терминот од 21:00 часот, а на Босна ѝ е потребна победа за место во следната фаза.