Неверојатни промашувања и дерби без голови: Наполи го слави ремито на Јуве и Милан (ВИДЕО)

Екипите на Јувентус и Милан ремизираа без голови во дербито на шестото коло на италијанската Серија А.

Големото италијанско дерби не импресионираше со својот квалитет вечерва, но во второто полувреме имаше низа возбудувања на двете страни. Првите 45 минути на „Алијанц“ стадионот не донесе ништо посебно бидејќи освен малку поголем посед на топката од страна на „росонерите“ и жолтиот картон на Фофана, немаше значајни детали.

Фудбалерите на двата тима беа претпазливи, трпеливо чекајќи грешка на противникот, а Јувентус ја имаше првата голема шанса, на стартот од второто полувреме кога Мењон на магичен начин го одбрани ударот на Гати од непосредна близина на голот. Следуваше офанзивата на Милан и токму овој пристап на гостите донесе идеална можност за гол за водство кога Кели направи прекршок за пенал. Пулишиќ ја презеде одговорноста, но репрезентативецот на САД шутираше високо над голот.

 

 

Алегри реши да го внесе во игра и Леао, кој пропушти одлична можност само неколку минути по влегувањето во игра, бидејќи шутираше покрај голот од непосредна близина. Како одговор на тоа, Тудор одлучи да внесе во игра тројца офанзивни фудбалери, вклучувајќи го и Влаховиќ, кој до крајот на натпреварот сепак не можеше сериозно да го загрози Мењон.

Standings provided by Sofascore

Ремито во Торино најмногу му одговара на Наполи кој по ова го презеде првото место на табелата. Јувентус падна на петтата позиција на табелата во Серија А со 12 бода, додека Милан е трет со бод повеќе.