Куманово беше лесен залак, Алкалоид безмилосен кон ривалот

Ракометарите на Алкалоид ја запишаа четвртата победа во македонската Суперлига, откако вечерва триумфираа со 35-21 против Куманово.

Алкалоид ја најави победата уште во првото полувреме, кое го доби со убедливи 17-10, а набрзо разликата стана двоцифрена и екипата од Автокоманда продолжи да чекори сигурно кон победата.

Избраниците на Кире Лазаров се на втората позиција со 10 бодови, односно два помалку од лидерот Вардар.

Фото: RK Alkaloid