Повредата на Родри ја засени победата на Сити

Најдобриот светски фудбалер за 2024 година Родри се наоѓа пред нова пауза откако денеска доживеа повреда на дуелот против Брентфорд.

Манчестер Сити победи со 1-0, но триумфот остана во сенка на повредата на шпанскиот фудбалер кој лани пропушти речиси цела сезона од истите причини. Засега нема конкретни информации за неговата состојба, ама солзите на лицето на Родри по денешниот меч се потврда дека ситуацијата е сериозна.

Повредата на Родри е дополнителен проблем и за селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте кој за претстојните квалификациски натпревари не може да смета ни на Јамал, Фабијан Руиз, Нико Вилијамс, Дани Карвахал и Гави.