
Ужас во Сингелиќ: Претепан голман, ЕБРД ги спасила фудбалерите од целосен линч! (ФОТО)
Натпреварот бил прекинат при резултат 1-1, во 75. минута, но не затоа што главниот судија одлучил така, туку затоа што гостинските фудбалери одбиле да продолжат. Според информациите од тимот на Пчиња, прво домашната публика ја нападнала гостинската, составена главно од родители и роднини на играчите на Пчиња, а потоа на сцена стапиле фудбалерите на Фортуна кои крвнички го претепале голманот на противничкиот тим Никола Стојановски.
Почнал еден од резервните фудбалери, а му се придружиле уште петмина кои го клоцале додека тој не загубил свест. Соиграчите на голманот се обиделе да му помогнат, но и тие биле нападнати. Судијата не смеел да го прекине натпреварот, па фудбалерите на Пчиња го напуштиле теренот, а потоа ја чекале Единицата за брзи интервенции за безбедно да си заминат од селото.
Тренерот на Пчиња, Часлав Вукановски изјави дека голманот Стојановски итно бил однесен во кумановската болница каде се наоѓа и вечерва.