
Рајо Валјекано го изненади Реал Сосиедад, Бетис го нокаутира Еспањол
Лозано донесе предност за Еспањол по 15 минути игра, а Бетис успеа да израмни дури на стартот на второто полувреме преку Ернандез.
Бетис постигна уште еден гол во 63. минута за целосен пресврт, по што Еспањол доби шанса да избегне пораз во судиското надополнување, меѓутоа Пуадо не реализираше пенал.
Рајо Валјекано освои големи три бодови на гости кај Реал Сосиедад со голот на Пака во 83. минута од натпреварот.
Standings provided by Sofascore