Манчестер сити на крилјата на Халанд до четврти триумф во лигата (ВИДЕО)

Поранешниот англиски и европски шампион Манчестер сити славеше со 1-0 против Брентфорд во седмото коло од Премиер лигата.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Ерлинг Халанд во првото полувреме, а „граѓаните“ до крајот на средбата имаа уште неколку добри шанси, меѓутоа не успеаја да ги претворат во погодок.

Екипата на Пеп Гвардиола по седум одиграни меча се наоѓа на петтата позиција со 13 освоени бодови, односно три помалку од лидерот Арсенал.

Фото: Manchester City