Охрид немоќен на гости во Битола: Пелистер запиша убедлива победа

Македонскиот шампион Пелистер вечерва го надигра Охрид со 33-27 во шестото коло на Суперлигата, а со тоа стигна до четвртата победа во домашниот шампионат.

Пелистер го диктираше темпото од самиот старт на дуелот, а Охрид неколку пати намали на еден гол негатива (7-8), по што битолчани со одлична серија стигнаа до предност од пет погодоци (13-8). До полувремето немаше драстични промени, па актуелниот првак замина на паузата со 18-14.

Охрид лошо влезе во вториот дел, а тоа го искористи Пелистер за да стигне до двоцифрена предност (29-19), по што се опушти во завршницата, а тоа му овозможи на гостинскиот состав да намали на шест гола негатива на крајот (27-33).

Пелистер е втор на табелата со девет бодови по шест одиграни кола, додека Вардар останува лидер со 12 поени.