
Победата на Севиља, највисока против Барса во последните 74 години
Односот на силите на теренот не беше толку на страната на андалузискиот тим, но Севиља максимално ги искористи своите шанси, особено во финишот, за разлика од Барселона која преку Левандовски не искористи пенал во 75. минута, при водство на домаќинот со 2-1. Севиља чекаше точно 10 години и 2 дена на триумф против Барселона, но наплати со камати за сите досегашни фрустрации.
Освен тоа, ова е најубедлива победа на Севиља во дуелите со Барселона во последните 74 години. Во 1951 година, „каталонците“ загубија од денешниот ривал со 0-4, а интересно е тоа што денешната победа беше само втора за Севиља на домашен терен во 2025 година откако првата ја оствари уште во мај, против Лас Палмас со 1-0.