
Вардар не се ни испоти во Радовиш и остана перфектен
Домашниот состав парираше во првите 20-тина минути од натпреварот кога Вардар „додаде гас“ и на полувреме замина со 18-14.
Не се променија многу работите и во второто полувреме во кое Вардар продолжи да го диктира темпото, а како што одминуваше времето разликата стануваше и поголема.
На краојот „црвено-црните“ го добија мечот со шест разлика.
Радовиш по шест кола е последен на табелата и единствен кој се уште е без бодови.