
Интер лесно го реши Кремонезе и скокна до третото место (ВИДЕО)
Победата на фаворитот беше најавена на самиот старт кога по само шест минути игра во листата на стрелци се запиша Лаутаро Мартинез по асистенцијата од Бони, а во 12. минута видовме и еден поништен погодок на Аканџи. Сепак, Интер до крајот на првиот дел стигна до втор гол, стрелаше Бони во 38-та минута.
Во вториот дел избраниците на Киву продолжија каде што застанаа и преку Димарко и Барел во 55-та и 57-та минута дојдоа до 4-0. Кремонезе до крајот преку Бонацоли во завршницата успеа само да го ублажи поразот.
За Интер ова беше трета победа во низа во првенството со која дојде до 12 бода, колку што има и Рома на третата позиција.