
Тиквеш со убедлива победа во Битола се врати на победничките патеки
Домаќините тргнаа добро во натпреварот и поведоа со 4-2, но во продолжение гостите од Кавадрци беа подобар противник и брзо го свртија резултатот во своја корист.
Веќе до паузата ја најавија победата со водството од 8-13.
Не се откажаа младите пелистерци и се вратија до „минус три“ во вториот дел (12-15), сепак повеќе од тоа не можеа и гостинскиот состав во финишот одново ја врати сигурната предност и дојде до победа.
Најдобри со по четири гола беа Димитар Коцев од Тиквеш и Ненад Белистојановски од редовите на Пелистер.