Ивановски повторно е повреден - објави крај на сезоната

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно ќе мора да паузира поради повреда.

Информацијата ја објави тој денеска на социјалните мрежи каде соопшти дека за него оваа сезона е завршена.

„Ќе го пропуштам остатокот од сезоната поради повреда. Фокусиран сум на опоравување и на тоа да се вратам посилен. Ви благодарам на сите за поддршката“, објави Ивановски, не посочувајќи за каква повреда станува збор.

И лани тој имаше долга пауза, тогаш поради повреда на колкот кој го оперираше во јуни 2024 година. По пауза од седум месеци се врати на терените, имаше забележителни настапи, но сега ќе мора да се подготви за идната сезона.