
Јунајтед без примен гол го победи Сандерленд, Арсенал застана на чело на табелата (ВИДЕО)
Пред мечот, британските медиуми беа едногласни дека во случај на пораз, Аморим ќе биде избркан, но за негова среќа до тоа не дојде. Го спасија двата гола постигнати во првото полувреме, а кои беа дело на Мејсон Маунт и Бенјамин Шешко.
Англискиот репрезентативец првпат се запиша во листата на стрелците на натпревар одигран на Олд Трафорд, по пауза од 822 дена, односно откако потпиша за „црвените ѓаволи“. Тоа беше негов трет гол за Јунајтед, но останатите два ги постигна против Брентфорд на гостински терен и тоа во две различни сезони.
Победата ја потврди Шешко со својот втор гол во низа откако и тој минатата недела погоди на гости кај Брентфорд.
Во вториот меч од попладневниот термин, Арсенал со идентичен резултат го победи Вест Хем и со 16 бода застана на првото место на табелата, со бод повеќе од Ливерпул кој вечерва се среќава со Челси. Стрелци на головите беа Рајс во 38. и Сака од пенал во 67. минута.