Екитике нареден пат двапати ќе размисли - глупoста против Саутемптон скапо ќе ја плати!

Хуго Екитике поради црвениот картон кој го доби на натпреварот од Лига купот против Саутемптон ќе го пропушти натпреварот против Кристал палас во Премиер лигата, а парично ќе биде казнет и од неговиот клуб.

Во третото коло од Лига купот, Ливерпул со 2-1 го совлада Саутемптон, а конечниот резултат го постави Екитике кој погоди во 85. минута и прослави со соблекување на дресот. Сепак, тоа за него значеше и црвен картон бидејќи веќе имаше еден жолт.

Според информациите од Островот, Ливерпул за ваквиот потег ќе го казни со две неделни плати, односно вкупно околу 570.000 евра, па во иднина веројатно добро ќе размисли пред да се одлучи на таков потег.