Екс-шампионот на Ју-Ес Опен не беше закана, Синер сигурно тргна во Пекинг

Вториот светски тенисер, Јаник Синер лесно излезе на крај со Марин Чилиќ на стартот од турнирот во Пекинг.

Соопственикот на четири грен-слем титули го совлада Хрватот со 2-0 во сетови (6-2, 6-2) и така одлично го стартуваше турнирот во главниот град на Кина.

Двата сета донесоа речиси идентична слика. Во првиот Чилиќ се држеше до 2-2, а потоа Синер освои четири гема во низа и поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет, Синер побрзо ја најави победата бидејќи по 1-1 поведе со 5-1 и во тие моменти се беше веќе јасно. Следен ривал на Синер ќе биде Французинот, Атман.

Свој меч денеска, но во Токио играше и Карлос Алкараз кој се соочи со повреда, но сепак исто така дојде до победа од 2-0.

Фото: EPA