Jaмал дали ќе ја освои „Златната топка“ не знае, но едно е сигурно - журка во Париз ќе има!

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал подготвува спектакл во Париз без оглед на тоа дали вечерва ќе ја добие „Златната топка“ или не, пишуваат шпанските медиуми.

Имено, според информациите на „Ас“ младиот тинејџер веќе организирал журка за 25 луѓе во француската престолнина.

Информациите се дека Јамал забавата ќе ја организира со неговите најблиски од семејството и пријателите. Исто така со него во Париз веќе пристигнал и диџеј кој ќе биде задолжен за музиката.

Покрај Јамал, глаавен конкурент за наградата е и Осман Дембеле од редовите на ПСЖ и ако некој од нив двајца не ја освои вечерва наградата би било големо изненадување.

Фото: Barcelona FC/X