Елмас постигна гол, ама му го поништија поради офсајд на Хојлунд (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва можеше повторно да го отвори своето голгетерско конто во Серија А, но сепак ќе треба да почека малку.

Во 27. минута од вечерашниот натпревар против Пиза, нашиот фудбалер со многу чувство ја спроведе топката во мрежата откако неа ја одби противничкиот голман и се израдува на голот, но тој сепак подоцна беше поништен.

 

 

 

Причина за тоа е офсајд во кој се најде Расмус Хојлунд во претходната ситуација иако судиите дозволија акцијата да заврши. Наполи, сепак, води на полувреме благодарение на голот на Гилмур во 39. минута.