Без изненадувања: Луис Енрике е најдобар тренер во светот

Со тројна круна, втора во неговаата кариера и финале на Светското клупско првенство, шпанскиот стручњак Луис Енрике е прогласен за најдобар тренер во 2025 година на вечерашното доделување на Златната топка.

Шпанскиот стручњак не беше во можност лично да ја преземе наградата бидејќи вечерва го води својот ПСЖ на дербито против Марсеј, но преку видео порака им се обрати на присутните.

„Прекрасно е што ја добивам оваа индивидуална награда, но мислам дека најважна е наградата од навивачите. Сакам да им честитам на сите кои вечерва ќе добијат признание“, порача Енрике.

Во 2015 година тој исто така беше прогласен за најдобар тренер во светот, но тогаш во изборот на ФИФА. Кај дамите, признанието за најдобар тренер отиде во рацете на селекторот на Англија, Сара Вејман.