
ФФМ реагира: Дониравме бесплатна опрема за децата - клубовите не смеат да им ја продаваат!
Реакцијата на ФФМ доаѓа по добиени информации до Куќата на фудбалот дека одредени клубови се обиделе опремата која ја добиле бесплатно да ја продаваат на децата.
„Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата. Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ.Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите“, стои во реакцијата на ФФМ.
Во објавата ФФМ потсетува и на информацијата дадена на почетокот на овој месец кога информираа дека обезбедиле опрема за 1.848 деца низ клубовите во Македонија. Исто така во таа објава се наведени и сите клубови кои добиле бесплатна опрема. (ТУКА).