
Фудбалерите на Ц. Звезда собраа 100.000 евра за лечење на - голем навивач на Партизан!
Фудбалерите на Ц. Звезда по дербито со Партизан собраа дури 100.000 евра за лечење на голем навивач на Партизан кој боледува од церебрална парализа и опасен карцином.
Навивачот Виктор Милетиќ мора да замине во Хјустон поради тешката болест, па најавената терапија дава надеж дека ќе му се подобри здравствената состојба.
Освен помошта за Виктор, фудбалерите ќе донираат уште 100.000 евра за четири други лица кои имаат здравствени проблеми.
Фото: FK Crvena zvezda